Изет Меџити, Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи ќе дејствуваат како независни пратеници

Од:

Доскорешните пратеници на ДУИ, Изет Меџити и Мерита Колчи Коџаџику и пратеникот Кастриот Реџепи, кои најавија формирање на ново политичко движење, преку видео на социјалните мрежи сооппштија дека од денеска ќе дејствуваат како независни пратеници.

-Денеска, официјално писмено го информиравме и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија дека ќе делуваме како независни пратеници. Ве повикуваме сите без исклучок, да станете дел од новото движење што доаѓа за да станете дел од големата промена, дел од новиот почеток, напиша Меџити на својот Фејсбук профил, каде има објавено и видео од Коџаџику.

Во видеото, Коџаџику информира дека координатор на оваа група ќе биде Кастриот Реџепи, а таа негов заменик.

-Јас, Мерита Коџаџику, Изет Меџити и Кастриот Реџепи ќе делуваме како независни пратеници. Координатор на оваа група ќе биде Кастриот Реџепи, додека јас ќе бидам негова заменичка. Воедно, би сакала да ве повикам сите без исклучок да станете дел од новото движење, вели пратеничката Коџаџику.

Изет Меџити, пратеник од ДУИ и дел од т.н. Огнена група на 17 јули најави дека заедно со Мерита Коџаџику и Кастриот Рерџепи ќе формираат ново политичко движење. Меџити кажа дека официјалното формирање на новиот политички субјект ќе биде на 13 август.

Би можело да ве интересира

Меџити: До Нова година ќе се донесе нов Закон за игри на среќа, кој ќе биде поригорозен

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

Меџити: Не падна влада со 61 пратеник, како би можело да падне мнозинство со две третини од пратениците

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Омилената српско-бугарска компанија на Изет МегаВин Меџити веќе седум години нелегално организира онлајн коцкање

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада

ДУИ: Партијата се реформираше со заминувањето на Изет Меџити