Жителите на Слупчане бараат да плаќаат најмногу 3.000 денари без разлика колку потрошиле: ЕВН и МВР не можат да влезат во селото

Од:

Жителите на Слупчане денес не ги пуштија екипите на ЕВН да работат и покрај тоа што на терен беа присутни припадници на полицијата.

За да им дозволат на екипите на ЕВН да работат, мештаните доставија официјално барање до ЕВН, со кое инсистираат да им се опростат сите досегашни долгови кои изнесуваат по неколку илјади евра и да добијат бесплатни нови приклучоци, а без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3000 денари. Во барањето кое ЕВН го достави до „А1он“ жителите бараат верските објекти да не плаќаат струја.

„Не прифаќаме мерните уреди да се поставуваат надвор од куќите. Се додека ова не се случи во целата Северна Македонија не дозволуваме да бидеме исклучок. Далноводот да биде поставен под земја, да им се простат старите долгови на корисниците на ЕВН од Слупчани, да се избриши од сметката, стариот долг што го платиле потрошувачите а да не остане повторно на сметката. На секој крај од селото таму каде што граѓанинот гради куќа, да му се обезвбеди електрична мрежа од страна на ЕВН а не граѓанинот да плаќа илјадници евра за бандери.

Цената за новиот мерен уред да биде 6.00 денари, а барањето за него да се направи само преку лична карта. Да се постави ограничена цена од 3.000 денари по семејство без разлик на потрошените киловати. Корисникот да има пристап до мерните уреди за да има знаење за потрошените киловати. Цената да биде иста и по потрошувачката од 700 киловати од страна на потрошувачот, а не оваа цена да се дуплира“ , се дел од барањата во документот кој ЕВН го достави до „А1он“.

„Екипите на Електродистрибуција се соочуваат со вербални и физички напади од страна на жителите, како и целосни блокади за влез во селото. Се додека не се создадат нормални услови за работа, екипите нема да работат на отстранување на дефекти или пак да реализираат редовни работни активности во тој регион“, велат од ЕВН за „А1он“.

Пред околу 3 недели мештаните ветија дека ќе им дозволат на екипите на ЕВН да работат. На средба со нив беа министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи.

Жителите на кумановското село Слупчане, при обид сами да ја вклучат струјата на селото, на 5 јули предизвикаа сериозен дефект кој ги остави и околните села без снабдување.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски