Повторно запалена депонијата Острец во Делчево

Од:

Градската депонија Острец од утрово повторно гори со засилен интензитет. Причина за запалувањето, како што информираа од делчевското комунално претпријатие, е човечки фактор заради што, најавуваат, ќе биде поднесена кривична пријава.

– При редовна обиколка на теренот наши екипи забележале собирачи на пластика и железо во близина на запалената депонија заради што ќе поднесеме кривична пријава.
Наши вработени со градежни машини и во моментот се на терен и работат на затрупување на депонијата со земја, информираа од претпријатието.

Нагласија дека ова не е прв пат поради човечки фактор да се случува вакво нешто на депонијата.

– Остануваме и понатаму со наши екипи да работиме се до целосно гаснење кое е отежнато поради ветарот, додадоа од претпријатието.

Чадот што се шири од депонијата од утрово најмногу е забележлив од жителите на делчевското село Габрово, но, миризбата на запалено констатно е присутна и во самиот град Делчево.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Фирма затекната при вршење нелегални активности, правење дива депонија со градежен и опасен отпад

Мицкоски: Многу е важно да се гради Македонија насекаде, не е важно кој градоначалник од каде е

МВР поднесе кривична за директор од Делчево, им дозволил на вработените да возат нерегистрирани возила

Приведена 76-годишна жена од Делчево за предизвикување пожар

Катерина Ѓуровски

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

Кривична за маж од Делчево, предизвикал пожар од невнимание