Наке Георгиев си поднесе оставка: Уште неизбран во Судски совет сакал да го намести за судија и синот Кирил

Од:

Наке Георгиев, судијата од Врховен суд кој неодамна беше избран за член на Судскиот совет, утрово си поднел оставка, а советот ја констатирал, иако требаше да даде заклетва во Собрание во 14 часот заедно со колешката Антоанела Димовска.

„А1он“ дознава дека причината што свечената изјава беше одложена од 9.30 часот утрово за 14 часот после падне, била што Георгиев сакал да му го изберат синот Кирил Георгиев за судија.

Според Закон за судови не може да е член на Судски совет, а да го бира синот за судија. Наке не даде утрово заклетва, затоа што сметал дека без неа не би бил формално избран за член на советот, што ќе му овозвоможи да го избере својот син за судија.

Во ставот 4 од овој закон се вели дека „за судија или судија поротник не може да биде избрано лице кое со член на Судскиот совет на Република Македонија е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар“.

Но тој се сметаше за веќе избран член на Судскиот совет бидејќи имал решение дека е официјално член на Советот, па морал да поднесе оставка. За тоа и формално е известен Врховниот суд од каде што доаѓа.

Неговиот син е дипломиран слушател на Академијата за судии и јавни обвинители и според законот за да биде избран во основен суд, татко му мора да си даде оставка или тој да се откаже од кариерата.

Би можело да ве интересира

Антикорупциска повторно реагира за назначувањето на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители: Законите важат подеднакво за сите

Судскиот совет ја промени ранг листата за избор на судии за Апелационен суд Битола

Филков: Измените во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се клучни за патот кон ЕУ

ДКСК поднесе иницијатива за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

Горан Наумовски

Лидија Георгиевска избрана за претседателка на Вишиот управен суд

Петрушевски: Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството