Во сила е црвено предупредување: „Големо невреме се движи кон Хрватска“

Од:

Променливо и многу нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, на места и грмежи, особено во западните предели, прогнозираат хрватските метеоролози за денеска.

Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, по море и јужен правец, кој нагло ќе се сврти кон северен и северозападен, најпрво во северниот дел на Јадранот и во внатрешноста на земјата.

Највисоката дневна температура од 27 до 32, во Далмација до 35 °C.

„Голема бура се движи кон Хрватска и прво ќе стигне до Истра. Потоа ќе го зафати Кварнер и централните и источните региони“, објави Цивилната заштита.

Предупредувањето за метеo-аларм за централна и источна Хрватска е на највисоко ниво.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД