СДСМ го поднесе истиот предлог за ДДВ за пелети кој пред два дена му го одби на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ на прес-конференција во Собрание се пофали дека група на пратеници од владејачкото мнозинство поднела амандман со кој се предлага стапка на ДДВ за пелети да остане на 5% и да не се зголемува на 18%, но овој предлог е идентичен со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ кој беше одбиен од СДСМ.

„Со цел да го зачуваме економскиот стандард на граѓаните, но и здравата животна средина како пратеници од владејачкото мнозинство, поднесовме амандман на Предлог на Законот за данок на додадена вредност со кој во членот 11 ставот 5 се брише. Поточно, со таквиот амандман се предлага стапката на ДДВ за пелети за домаќинства да остане на 5 отсто и да не се зголемува.

Сметаме дека греењето на пелети има позитивно влијание во намалување на домаќинствата што се греат на огревно дрво, а со тоа и намалување на аерозагадувањето, заштита на животната средина и заштита на шумскиот фонд на државата. Го слушаме гласот на граѓаните, продолжуваме да работиме во нивен интерес и да носиме мерки и решенија што го унапредуваат квалитетот на живот на секој поединец“, рече пратеникот од Велес, д-р Ненад Коциќ.

На оваа идеја на Коциќ и сопартијците, жестоко реагираше неговиот сограѓанин од Велес, Игор Здравковски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Првиот знак за глупавост кај човек е отсуството на срам – Зигмунд Фројд. Замислете, до вчера беа решени да го покачат ддв-то кај пелетите, ние како пратеничка група реагиравме соодветно но тие го одбија нашиот предлог, за денес да поднесат ист таков амандман.

Нема кој, па го праќаат бесрамников, кој после локалните избори го изгуби кредибилитетот на прес конференција да се фали дека ќе помагале на граѓаните со тоа што го бараше ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е да не се покачува данокот на пелетите од 5% на 18%…

Па згора на се, го слушал он гласот на граѓаните?! Па ако го слушаше одамна ќе заминеше во политичка пензија, не да се брукаш по ТВ, ама изборот е твој, доволно си возрасен…“, реагираше Здравковски.

Пред неколку дена, пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека со покачувањето на ДДВ за пелетите од 5 на 18 отсто секое домаќинство ќе треба да издвои плус 6.000 денари месечно во претстојната грејна сезона и најавио дека неговата пратеничка група ќе поднесе амандман да остане постојното решение за ДДВ-то за пелетите.

Тој посочи дека вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во изјава што ја видел на медиумите ги повикал пратениците да поднесат барање за да остане истото ДДВ и вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати тоа.

-Ние како коалиција ќе го поднесеме овој амандман и го повикувам Битиќи да си остане на зборот и мнозинството да го прифати амандманското решение и на тој начин да им се помогне на граѓаните со ставката на ДДВ која треба да остане 5 проценти, а не да се зголеми за 13 проценти како што предлага Владата, рече тогаш Стојаноски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цените не се намалени, власта да го прифати предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храната

Горан Наумовски

Со нашиот предлог ќе поевтинат над 250 категории прозиводи вели СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

Неколку пратеници од Собранието добиле заканувачка порака

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

A1on

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

A1on