Во Хрватска: Дрво падна врз автомобил, жената побегна во последен момент, за возачот немаше спас

Од:

Во невремето во Загреб летало буквално се, а загинаа тројца мажи.

Еден од нив загина на Славонска авенија кога се движел со својот автомобил по споменатата делница при силно невреме, при што во еден момент се откорнало дрво и паднало врз неговото возило.

Во таа ужасна ситуација неговата сопатничка од совозачкото место успеала да го напушти автомобилот, но за жал, возачот не можел да се спаси. Во тек е полициска истрага на местото на несреќата.

Загрепските пожарникари досега имаат завршено повеќе од 200 интервенции низ метрополата. Летаа покриви од куќи или барем делови од нив. Летаа цели дрвја кои повеќето блокираа патишта или покриваа автомобили, гаражи…Беа забележани неколку пожари со помал интензитет, а беа спасени неколку човечки животи.

– Десет лица се тешко повредени. Еден човек паднал од покрив, а уште неколку граѓани се пренесени во болница. При падот бил повреден и еден пожарникар кој има повреди на ребрата. Се уште не се знае точниот број на интервенции бидејќи се уште добиваме повици, но најчесто се работи за полесни повреди – изјави Љупка Хитрова за Јутарњи.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД