Во Загреб врнеше силен дожд, а силниот ветер направи хаос во градот. Според хрватските медиуми, во невремето загинале две лица.
Во големото невреме што го зафати Загреб околу 16 часот, загинаа двајца мажи, а повеќе луѓе се повредени, потврди Љупка Хитрова од Загребскиот институт за итна медицинска помош.
– Имаме двајца мажи кои загинаа како последица од паѓање на дрва. Имаа повеќе повреди на главата – рече Хитрова.
Таа додаде дека има голем број повредени во целиот град, а некои се многу тешко повредени.
„Не можеме да влеземе во тунелот или да свртиме од подножјето во правец на Запрешиќ. Дрвата паѓаат околу нас, а сите сме заробени во невремето“, јавува читател на Индекс.
Покрив од зграда во Загреб паднал врз автомобили паркирани на паркинг простор.
Пред Хрватска силно невреме ја зафати Словенија, а како што е најавено во вечерните часови се очекуваат катастрофи и во Србија.
Поради невремето што го зафати Загреб околу 16 часот, Итната помош примила над 700 повици, меѓу кои и неколку пријави за повредени, а само пожарникарите имале 50 интервенции.
Жупанискиот центар 112 во Загреб има потешкотии во комуникацијата со итните и комуналните служби поради големиот број повици за кратко време (над 700 повици за 45 минути), објави Управата за цивилна заштита на Твитер.