Првото гласање за уставните измени ќе биде на 18 август, седницата на Комисијата за уставни прашања закажана за вторник

Од:

Седницата за уставните измени е закажана за 18 август, Седницата на Комисијата за уставни прашања ќе почне во вторник, а по предлогот може да расправа најмногу 10 дена.

– Согласно Уставот и Деловникот, претседателот веќе ја закажа пленарната седница за 18 август во 11.00 часот. Пред да се разгледа Предлогот на пленарна седница, согласно прописите, Предлогот ќе го разгледа Комисијата за уставни прашања, чиј претседател е претседателот Џафери. Седница на Комисијата за уставни прашања е закажана за 25 јули во 10:00 часот. Согласно законските одредби, Комисијата треба да расправа по Предлогот најмногу 10 работни дена. Со оглед на тоа што 2 Август е неработен ден, а за 27 јули веќе е закажана седница за пратенички прашања, се очекува работата на Комисијата за уставни прашања да заврши помеѓу 7 и 9 август. По што, Предлогот ќе се разгледува на пленарна седница, на која дебатата трае до 10 работни денови, информираат од Кабинетот на Талат Џафери.

Доколку, со двотретинско мнозинство, се усвои потребата за донесување на уставни измени, Собранието усвојува Заклучок и го праќа материјалот до Владата на Република Северна Македонија. Собранието, со Заклучокот утврдува рок во кој подносителот (Владата), изготвува текст на нацртот на амандманите на Уставот, кој го доставува до претседателот на Собранието, по што Собранието во истоветна процедура во смисла на рокови ќе расправа по нив.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Подготвен сум да се ограничи двојното државјанство за извршната власт

Горан Наумовски

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот