Тасевска: ДПМНЕ и Груевски ги дадоа концесиите за Иловица, СДСМ од прв ден е против

Од:

Во интерес на вистината граѓаните, нашата јавност мора да знаат дека овие концесии за рудникот Иловица се дадени во 2012 и 2013 година од страна на Влада предводена од ДПМНЕ, Никола Груевски и тогашниот негов соработник Христијан Мицкоски рече денеска на прес конфренеција пратичката на СДСМ Лидија Тасевска.

– Таа одлука е донесена на 16 јуни 2012 година и истата е потпишана од неговиот близок соработник Зоран Ставревски и објавена во службен весник 2012 година. Во тој контекст не треба да се заборави и фактот дека тогашните градоначалници од редовите на ДПМНЕ, градоначалниците на општините Босилово и Ново Село исто така носат одлука за отварање на овој рудник.б Тоа значи дека од одлуките на ДПМНЕ оттогаш ние сме влезени во еден судски лавиринт од којшто не можеме да излеземе но факт е дека СДСМ од прв ден е против отворање на овие рудници. Кога лично шефот на Мицкоски, Груевски во 2016 година најавуваше отворање на дури 10 нови рудници во југоисточниот дел од нашата земја,СДСМ беше против, рече Тасевска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад