ВИДЕО: Пожар на аеродромот во Катанија, сите летови откажани до среда

Од:

Пожар избувна на меѓународниот аеродром „Винченцо Белини“ во градот Катанија на Сицилија.

Летовите се прекинати до 19 јули до 14 часот, соопшти компанијата што управува со тој аеродром SAC.

Пожарот кој синоќа во 23 часот и 29 минути бил пријавен кај пожарникарите е изгаснат, а патниците се евакуирани од аеродромот кој бил полн со чад.

Имало стампедо, но засега нема посериозни повредени, пренесува италијанска Анса.

Пожарот избувнал на долниот кат на аеродромот, додава РАИ.

Причината за пожарот се уште не е утврдена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески