Предлог-законот за амнестија за полесни кривични дела е готов, најави Министерството за правда

Од:

Предлог-законот за амнестија за полесни кривични дела е готов и деновиве се очекува да го разгледаат четирите пратенички групи, по што ќе биде процесуиран во Собрание. Предлогот на министерот за правда Кренар Лога начелно е прифатен од сите фактори и пратенички групи во земјава. Ова е објавено попладнево на официјалната Фејсбук страница на Министерството за правда.

Од овој закон, како што се наведува, корист ќе имаат многу граѓани на кои ќе им се даде дополнителна можност за ресоцијализација.

– Предлогот доаѓа по успешната амнестија на лицата кои сториле прекршоци за време на Ковид пандемијата. Целта на законот е да нема пренатрупаност во затворите и драстично да се ослободат затворските капацитети, со што ќе се создадат оптимални услови за другите затвореници, стои во објавата на Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Лога: Повторно ќе го поднесам Законот за амнестија, овој пат во редовна постапка

A1on

Не помина Законот за амнестија: 17 пратеници гласаа „за“, а 66 „против“

Александар Тодески

Одвај чекам да се потврди кој се грижи за граѓаните, а кој за големите риби, вели Лога пред гласањето за Законот за амнестија

Александар Тодески

Предлог законот за амнестија в четврток на собраниска седница

Адеми: Координаторите на пратенички групи беа запознати со Предлог-законот за амнестија

Агелер: Ова не е прв закон за амнестија, нема да биде ни последен, важно е да им се објасни на граѓаните