(ВИДЕО) Видео од позната игрa место од Украина, ТВ објавија, експерти коментираа – лаги на кои наседнаа сите

Од:

Дали е за кликови или пак со намера да се рашири дезинформација, ширачите на лажни вести секогаш користат актуелни настани. Настани кои ги следат сите граѓани. Или се работи за елементарни непогоди, здравје, војни или несреќи.

При земјотресот во Турција илјадници лажни видеа осамнаа на социјалните мрежи. На нив поверуваа и ги споделија дури и видни јавни личности. Но се чини дека примерот со војната во Украина најдобро покажува како на дезинформација и лажна снимка можат да наседнат буквално сите.

Дури две телевизии од Романија објавија снимка, за која се тврдеше дека е снимена на терен. Гости во студиото дури беа и поранешен министер и воен експерт кој ја коментираа ова снимка говорејќи за стратегијата на двете страни. И се изгледа нормално – освен што коментираа снимка од видео игра.

Снимки од оваа игра биле прикажувани под насловот „во живо од Украина“, последна вест и слично, на илјадници профили на Тик Ток, видена и споделена потоа од милиони.

На кој се лажни снимки и информации наседнавме, погледнете во анализата на „Скен“

 

Видеото е изработено во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Би можело да ве интересира

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени