Спринтерот Усаин Болт напиша своја биографија – „Побрз од Молња: Мојата автобиографија”, а британскиот “Тајмс” објави извадоци од книгата.
“Со парите доаѓа поголема одговорност. Морав да научам лекција кој сум и што правам. Вистината е дека од спринтер се претворив во светски бренд. Не бев само спортист. Станав идол, шоумен и иако се убивав од вежбање, за да сум најдобар, мораше да се покажувам и како личност која луѓето ја забележаа прво на Игрите во Пекинг“.
“Луѓето откачуваат по моите резултати, но и по тоа што го правам на патеката по трчањето. Луѓето се прашуваа што ќе направи “молњата“ овој пат. Имаше очекувања на секој почеток. Шоуто можеше да ги притаи слабите резултати. Имаше една трка по крајот на сезоната 2009 во Торонто. Врнеше силно, јас истрчав за 10 сек, што беше ужасно за моите стандарди тогаш. Но на трибините имаше еуфорија“.