Крмов: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска на „обработка‘‘ кај странскиот фактор

Од:

Денес, ДПМНЕ ќе им ги испорачаат сите 44 пратеници на министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка на „обработка“. Првично, при средбата со амбасадорите на гореспоменатите држави одбиле и одлучиле да испратат само делегација. Сепак подоцна се „предомислуваат “ и ќе им ги испорачаат сите 44 пратеници, како што оригинално било побарано од нив, изјави денеска Борислав Крмов, пратеник од Левица.

– Знаете друга држава каде вака сервилно и поданички им се удоволува на странски државници!? И ДПМНЕ се дрзнуваат да бараат 61 пратеник!? 81 да ви даде народот, ќе останете слуги на странскиот фактор и тесто за месење. На најмал притисок виткате кичма. Единствено Левица пружа автентичен отпор на политиките кои 30 години ни ја уништуваат државата. Се друго е театар – рече Крмов.

Би можело да ве интересира

Левица: Владата го зголемува товарот на задолжувањето, а ги намалува инвестициите во развојот

Катерина Ѓуровски

Левица: Прифаќаме преговори, но сме против билатералните уцени од Бугарија како предуслов за евроинтеграција

А1он

Левица: Нов Луна парк само на хартија – раскинат договорот со „МАСТЕФ“, Градот без официјално образложение

(ВИДЕО) Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон за гарантирано платено породилно отсуство за земјоделките

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ под вмровска контрола – над четирипати повисока цена за дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Горан Наумовски

Исмаил до Тошковски: Кој е крив за бегството на Ива Михаилова?

А1он