Почна увидот во кумановскиот суд

Од:

Почна увидот во Основниот суд Куманово, кој треба да ги покаже причините за пожарот што избувна завчера.

– Увидот ќе го спроведува основен јавен обвинител од Скопје, ќе присуствувам и јас и дежурен обвинител од Куманово, увидна екипа од СВР Куманово заедно со кримтехнкка од Скопје, вешто лице електроинженер и инспектор за пожари. По завршување на увидот ќе ја информираме јавноста, изјави шефицата на кумановското обвинителство Теута Бедиу Рамадани.

Претседателката на Основен суд, Куманово, Снежана Манев кажа дека очекува увидот да ја покаже причината за пожарот.

– По завршување на увидот, ќе започне уредувањето на подрумските простории. Дотогаш итните случаи ќе се решаваат во Кривичен суд Скопје кои по насоки на Судскиот совет и Министерство за правда, изјави Манев.

Пожарот во кумановскиот суд избувна завчера во 01:35 часот. Вчера имаше противпожарна стража и кумановските пожарникари во два наврати го гасеа димот од напластената архива.

Би можело да ве интересира

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ

Почина д-р Јордан Пачков – хроничар на Куманово

А1он

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Горан Наумовски

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово