Пронајдено исчезнатото дете од Чаир – било во Куманово

Од:

Полицијата го пронајде 15 годишното дете од населбата Чаир од Скопје кое беше пријавено за исчезнато од страна на неговиот татко.

„Денеска (12.07.2023) во 14.45 часот во Куманово, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит пазар- Потраги го пронашле Ф.Ф.(15) од Скопје за кој во 02.00 часот во Полициската станица Бит Пазар неговиот татко Л.Ф. пријави дека се оддалечил од домот. Малолетникот ќе биде предаден на родителите.“, велат за А1он од МВР

Момчето беше исчезнато од вчера од  16 часот. Родителите случајот веднаш го пријавија и во МВР но бараа помош и од граѓаните на социјалните мрежи.

Според информациите од полицијата, момчето било пронајдено во Куманово, а веќе се повикани и неговите родители.

Би можело да ве интересира

Малолетници соблекоа и снимаа 6-годишно дете во училиште во Кочани

А1он

Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Чаир со платформа за превенција и справување со врсничкото насилство, најавени се и нови мерки од МОН

A1on

Прободе дете во Чаир, но нема да одговара кривично – има 13 години

Горан Наумовски

Се судрија автомобил, мопед и тротинет во скопски Чаир

А1он

Сопатник на мотор по улица влечеше 12-годишно дете

Горан Наумовски