Лидерите се раѓаат не се создаваат

Од:

Славко Жарков
Се претпоставува дека корпоративната САД трошат преку 60 милијарди долари годишно на разноразни програми и семинари кои ги усовршуваат нивните вработени. Поголемиот дел од тие пари се потрошени на специјални семинари за вработените во тие компании, а преку 20% се трошат на обука на менаџери и нивно создавање. Но, дали може да се создаде добар лидер?
Многу фирми сметаат дека тие пари се едноставно фрлени во ѓубре: „Луѓето не се менуваат.

Колку пари и да вложeте во нив, тие остануваат исти. Или го имаат тоа во себе или не“.
Според искуството, луѓето кое се занимаваат со овие проблеми, за да ја дознаат успешноста на семинарот, раководството мора да го поделат во групи и тоа според класичната корпоративна пирамида. Горните заземаат 20%, средниот слој на раководството (20 до 80%) и долните 20%.

Најпознатата група е всушност средната група, раководството и шефовите кои не се „доволно високо“, барем гледано преку нивните очи. Овие луѓе се дистанцирани од „обичните работници“ и знаат дека напредувањето нема да им донесе друштвена непопуларност.

Но, припадниците на оваа група често имаат погрешни мотиви за напредување: помалку работа (повторно гледано од нивна перспектива), подобар статус (презентиран низ службен автомобил, мобилен, канцеларија) и секако плата. Многу е важно да ги издвоите ваквите луѓе од останатото раководство, бидејќи често се случува тие да покажат одлични резултати, но со првиот скок ќе се покаже нивното вистинско лице.

Ова е дефинитивно вистински пример како власта и позицијата/функцијата можат да ја уништат личноста.

Во најниската група, значи оние 20% од остатокот на раководството, се наоѓаат луѓе кои се поврзани со работничката класа, а и многу често доаѓаат од неа. Најчесто станува збор за мотивирани и амбициозни луѓе кои сакаат да покажат дека со својата работа можат да дојдат на повисоко ниво.

Но, тука постои многу едноставен проблем. Веќе споменатата друштвена непопуларност може одличниот работник потполно да го уништи. Имено, со самиот скок од работничка во управничка класа, нивните досегашни пријатели ќе започнат да ги гледаат под око.
Сепак, со понатамошните чекори во кариерата може да започнат да им се умилуваат на шефовите, па така, и самите ќе престанат да веруваат во сопствените квалитети и да размислуваат дека им се допаѓаат на нивните шефови, па сега се заштитена врста.

Сето ова наведено, и уште многу, треба да се земе во предвид кога се бираат луѓе за едукација и усовршување, особено кога во прашање е раководоството. Најлошо од сé е тоа што сите кои работат со едуцирање и унапредување на луѓето, не знаат со кого работат, сé до моментот кога тие луѓе ќе ја почувствуваат власта.

Авторот е аналитичар во онлајн магазинот „Револуција“.

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска