Скопје се враќа во нормала: „Комунална хигиена“ ги празни контејнерите

Од:

Полните контејнери во скопските општини полека се празнат, камионите на ЈП „Комунална хигиена“ работат постојано, а од Град Скопје уверуваат дека ќе се нормализира состојбата во текот на денот.

Преполните контејнери на скопските улици почнаа да се празнат откако со полициска асистенција камионите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ се вратија на улиците доцна синоќа, а најголем дел од вработените останаа да протестираат.

Градоначалниците на скопските општини со асистенција на комунални возила од другите помали градови синоќа почнаа своја акција за собирање на сметот и одложување на истиот во „Дрисла“, но оттаму наидоа на затворени врати па мораа ѓубрето да го истурат пред капија.

Работниците од Комунална Хигиена – Скопје, започнаа да протестираат во саботата пред просториите на претпријатието, поради, отпуштањето на десетици нивни колеги, но и поради тоа што не им се исполнуваат барањата за зголемување на платите, К-15 и бенефициран стаж. Тие одбиваат да го соберат сметот додека не се исполнат нивните барања.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, по состанокот на градскиот кризен штаб, обвини дека дел од вработените повеќе дена ја блокираат работата на Комунална хигиена поради лични интереси. Сепак таа додава дека чистење на отпадот се враќа во нормала.

Би можело да ве интересира

Седница на Советот на Град Скопје: Ќе се гласа за вработувања во Комунална хигиена и пренамена на средства за автобуси

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Арсовска – ДУИ – СДС се причината зошто Скопје пати и тоне во ѓубре

A1on

ВИДЕО: Горат три контејнери кај Буњаковец

А1он

Мечки превртуваат контејнери во Галичник барајќи храна: Жителите исплашени да не бидат нападнати

A1on

Работниците кои беа отпуштени од Комунална хигиена затоа што не доаѓале на работа, ќе се вратат на работа: Отказите биле незаконски

A1on

ЈП Комунална хигиена – Скопје подигна 1130 тони отпад во текот на изминатите два дена