Двајца млади момчиња од Бар се уапсени синоќа откако нападнале, а потоа претепале млад човек од Србија на шеталиштето во Сутоморе. Нападнатиот по инцидентот со возило на брза помош бил пренесен во болницата во Бар бидејќи повредите му биле посериозни.
„Србин беше нападнат и претепан од двајца момци од Бар, на шеталиштето во Сутоморе. Ни крив ни должен момчето беше нападнато на шеталиште. Момчето е пренесено со возило на брза помош, а двајцата хулигани веднаш се уапсени и однесени во станица“, се наведува во објавата на страницата Србија лајв.