(ВИДЕО) Арсовска: Мицкоски е разобличен, таквите политичари се најголемото ѓубре на градот кое ние ќе го расчистиме

Од:

Мафијашки структури веќе неколку дена ја блокираат работата на Комунална хигиена поради свои лични интереси. Се работи за лица кои повеќе од 15 години работат само една смена и тоа трета смена во претпријатието, спротивно на Законот и колективниот договор рече градоначалничката Данела Арсовска по вечерашната седница на кризниот штаб.

– Поголем дел од нив воопшто не се појавуваат на своите работни места и не ги извршувале своите работни обврски. Сега истите ја блокираа работата на комуналното претпријатие и не дозволуваа никој да ги извршува своите работни задачи. Иако нема најавено штрајк и поголем дел од нив веќе не се вработени во претпријатието сепак тие извршија мафијашка блокада. Морам да констатирам дека директорката Мазнева беше во право кога најави дека поради ова насилство врз граѓаните на градот Скопје ќе се појават стаорци по улиците – и тоа се случи. Погледнете ги само како инструирано и договорно настапуваат политичките партии. Вчера ниту институциите не успејаа да ја прекинат незаконската блокада на претпријатието. Ова е уште еден знак дека во Македонија не функционира правната држава, рече Арсовска.

Од овие причини веднаш е ставен во функција кризен штаб од скопските јавни претпријатија кој има за цел да ја одржува хигиената во главниот град кои се излезени на терен и активно чистат.

– Заврши времето кога јавните претпријатија беа третирани како нечија лична приватна сопственост и наместо за интересот на граѓаните работеа во интерес на малкумина. За крај сакам да додадам и да му порачам на Христијан Мицкоски дека е разобличен вечерва за тоа што со бескрупулозноста за евтини политички поени сака да креира проблеми за граѓаните кои потоа се претставува дека ги решава и расчистува. Таквите политичари се најголемото ѓубре на градот кое ние ќе го исчистиме, рече Арсовска.

Би можело да ве интересира

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

(ВИДЕО) Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип

Горан Наумовски

Општина Гостивар и нуди помош на Арсовска за аплицирање за проекти за финасирање од Владата