ВИДЕО: Кавадарци, Штип и Велес им испратија помош на скопските општини за чистење на ѓубрето

Од:

Граоначалниците на Штип, Велес и Кавадарци испратија возила од нивните општини за да го собираат ѓубрето во Скопје.

„Општина Кавадарци испраќа помош во Скопје за справување со отпадот. Во Општина Кисела Вода испратени се три камиони и еден џип се со цел да се помогне во решавање на проблемот со отпадот. Помош ќе се испрати и на други општини кои што имаат потреба. Кавадарци за сите“, објави на својот Фејсбук профил, градоначалникот на Кавадраци Митко Јанчев.

„Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов одобри испраќање на механизација и работници кои со поддршка на општинските капацитети, вечерва ќе спроведат акција за расчистување на натрупаниот смет од контејнерите“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски објави дека вечерва во нивниот реон ѓубрето ќе го собираат екипи од општина Велес.

Неспособноста на институциите од градот Скопје повторно излегоа на виделина и скопјани се гушат во смет. За таа цел заедно со механизацијата и човечките ресурси од ЈКП „Гази Баба 2007“ со поддршка од Општина Илинден и Општина Петровец вечерва на повеќе локации во Гази Баба ќе го собираме сметот од улиците, објави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

Попладнево градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски објави дека утре сами ќе го исчистат ѓубрето оти ситуацијата е алармантна.

Сите градоначалници на скопските општини побараа од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да го реши проблемот. За утре најавија состанок на кој ќе иницираат општините сами да за грижат за собирање на сметот, односно ова веќе да не биде обврска на Градот Скопје.

Хаосот во Скопје настана поради конфликтот меѓу дел од вработените и диркеторкта на Комунална хигиена. Дел од вработените ја блокираат работата на претпријатието, доека Косана Мазнева вели дека се работи за група на која и биле укинати бенфициите.

Би можело да ве интересира

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски