Бугарски свештеник се обиде да му фрли анатема на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Софија кој беше во посета на Бугарија.
Свештеникот Атанас Стефанов со крст се испречи пред колоната на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Софија додека минуваше низ раскрсницата пред софискиот универзитет, а полицијата успева да го оттргне од намерите да застане пред караванот.
Стефанов кажа дека му фрлил анатема на Зеленски, односно тоа е проклетство со кое се исклучува некој од црквата.
Истиот свештеник на 5 јуни пред Претседателството на Бугарија го нападна поранешниот бугарски премиер Кирил Петков кога тој го враќаше вториот мандат за составување на влада.