(ВИДЕО) Се заглави ролекостер, три часа патниците висеа на 30 метри висина

Од:

На окружниот саем во Крандон во американската сојузна држава Висконсин, се заглавил ролекостер, поради што патниците виселе наопаку во воздух три часа.

Си-Ен-Ен јавува дека преплашените луѓе морале да чекаат 45 минути за локалните власти да пронајдат противпожарно возило со скали доволно долго за да ги спасат од височина од 30 метри.

После тоа започна спасувањето на секој патник поединечно, кое траеше со часови.

„Имаше механички дефект за време на возењето и ролекостерот се заглави во исправена положба“, изјави капетанот на противпожарната служба Бренан Кук за локалниот огранок на CNN WJFW.

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува