Нема пари, ниту средби со европејците – Стапија во сила мерките на ЕУ против Косово

Од:

Европската унија презеде мерки поради неуспехот на Косово да преземе чекори за деескалација на ситуацијата на северот, за овие мерки ги извести приштинските институции на 28 јуни, потврди за Газета експрес неименуван портпарол на Унијата.

Како што рече, привремено е прекината работата во работните тела во рамки на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, исто така, Косово нема да биде покането на состаноци на високо ниво, додека билатералните посети ќе бидат прекинати.

Во меѓувреме, средбите кои нема да бидат прекинати се оние кои се фокусирани на разговори за состојбите на северот, во рамките на дијалогот што го води Европската унија.

„Привремено ја суспендиравме работата на телата во рамките на Договорот за стабилизација и асоцијација. Косово, исто така, нема да биде покането на настани на високо ниво, а билатералните посети ќе бидат суспендирани, освен оние кои имаат за цел решавање на кризата на северот на Косово во рамките на Дијалог предводен од ЕУ“, рече портпаролот на ЕУ.

Исто така, за Газета е потврдено дека Косово нема да е дел од програмата за финансирање на рамките на ИПА 2024 година.

Стапувањето на сила на овие мерки вчера е веднаш, потврди и комесарот за проширување Оливер Вархеји, кој посочи дека Косово не е вклучено во распределбата на фондот од 2,1 милијарди евра одобрен од Оперативниот комитет за инвестиции на Западен Балкан.

„Програмирањето на средствата за Косово во рамките на спроведувањето на програмата ИПА 2024, исто така, е ставено во мирување. Предлозите презентирани од Косово според Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) не беа поднесени на разгледување од Одборот на ВБИФ на 29-30 јуни. “, рече изворот за Газета Експрес.

Портпаролот на ЕУ појасни дека мерките кои се воведени се привремени и реверзибилни во зависност од развојот на настаните на терен и одлуките за деескалација што може да ги донесе премиерот Аљбин Курти.

Претставникот на Унијата рече и дека ситуацијата на северот сериозно ја вознемирува ЕУ.

Високиот претставник Борел, во име на земјите-членки на ЕУ, беше многу јасен за очекуваните чекори за итна деескалација.

Тој повтори дека Европската унија очекува од т.н Косово да дејствува во насока на деескалација и да ги прекине полициските операции, да ги повлече полициските сили од околината на општинските објекти на север, градоначалниците на општините привремено да ги извршуваат своите должности надвор од општинските згради и веднаш да се распишат предвремени избори во четири општини, на сеопфатен начин, што значи многу и безусловно учество на Србите од Косово.

Тој додаде дека е неопходно брзо спроведување на договорот, вклучително и формирање на Заедница на општини со српско мнозинство.

„За жал, Косово сè уште ги нема преземено потребните чекори. Затоа, ЕУ – како што е прикажано во изјавата на високиот претставник во име на земјите-членки од 3 јуни – одлучи да примени мерки за Косово“, заклучи портпаролот на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски