Ливерпул дава 300 милиони за Мбапе

Од:

Фудбалскиот клуб Ливерпул е подготвен да го собори рекордот кога е во прашање обештетувањето на играчите.

Ако им се верува на зборовите на Марко Кирдемир, агент на ФИФА со седиште во Мадрид, англискиот тим сака да го види Килијан Мбапе во своите редови.

Наводно, подготвени се да платат 250 милиони евра плус уште 50 преку бонуси за играч на кој договорот му истекува следната година.

Французинот веќе бил виден како заминува од Паркот на принцовите откако одбил да потпише нов договор, а сопствениците не сакаат да го пуштат без обештетување.

Најпрво се зборуваше за цифра меѓу 150 и 200 милиони, а ако му се верува на Кирдемир, Ливерпул се подготвува да го надмине тоа – и добро.

„Ливерпул сака да се натпреварува со Реал и да плати богатство за Мбапе“, изјави тој во интервју за „Марка“.

Сепак, оваа вест треба да се земе со резерва бидејќи тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп уште во мај истакна дека испаднале од трката за потписот на Мбапе. Тој клуб неодамна се откажа од Џуд Белингем кој чинеше три пати помалку и отиде во Реал.

Во моментов Мадрид се уште е најреална опција за Мбапе.

Би можело да ве интересира

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Челзи и го задржаа првото место во Премиер лигата

Маскиран, Мбапе е снимен како излегува од ноќен клуб за време на натпреварот Франција-Израел

Несреќа во Италија: Во сообраќајка загина навивач на Ливерпул

Горан Наумовски

Гледањето на Реал Мадрид на стадион станува луксуз

Предраг Петровиќ

Ливерпул трајно го промени изгледот на грбот, отстранети се три важни клупски симболи

Предраг Петровиќ