Орбан: Украина веќе не е суверена држава, нема пари ниту оружје

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан даде интервју за германскиот весник Die Welt во Будимпешта, во кое го искажа својот став за текот на војната во Украина. Орбан смета дека Киев ќе остане без војници пред Москва. За да ја спасат Украина, САД и Русија треба да преговараат за мир, тврди унгарскиот премиер.

И покрај првичните успеси на украинската контраофанзива, Орбан сепак смета дека победата на Украина против Русија е „невозможна“. „Проблемот е што Украинците ќе останат без војници порано од Русите. И тоа ќе биде одлучувачки фактор на крајот“, рече тој.

Затоа, тврди тој, „секогаш се залага за мир, мир, мир“. „Во спротивно, Украина ќе изгуби огромни количини на богатство и многу животи, а ќе има незамисливо уништување“, вели Орбан.

Орбан тврди дека се грижи за спас на Украина. Единствената можност за тоа ја гледа во „Американците да започнат преговори со Русите и да склучат договор за безбедносна конструкција и да најдат место за Украина во таа безбедносна архитектура“.

Тој, исто така, го оспори единственото право на Украина да одлучува за текот на војната: „Украина повеќе не е суверена земја. Тие немаат пари, немаат оружје. Тие можат да се борат само затоа што ние на Запад ги поддржуваме“. Западот, вели Орбан, има право „да дава оружје и пари или не“.

Шефот на унгарската влада е многу скептичен за намерата на НАТО да и даде безбедносни гаранции на Украина на самитот во Вилнус во јули. Тој наведува дека „тоа не е унгарска идеја“, туку „најверојатно дојде од седиштето на НАТО“. Не знае точно кои се гаранциите, но сака да го погледне предлогот.

„Првиот чекор е прекин на огнот, а потоа преговори“, рече Орбан. Само тогаш можеме да разговараме за „гаранции за мир, односно за воени или безбедносни гаранции за Украина“. „Значи, тоа не е првиот чекор, туку третиот или четвртиот“, рече тој, а потоа додаде: „Не треба да почнуваме од крајот“. Орбан не кажа дали Украина може да стане членка на НАТО по војната.

Орбан смета дека политиката на санкции на претседателката на ЕУ и Европската комисија Урсула фон дер Лајен кон Русија е неуспешна. „Тие сакаа да ја доведат Русија на колена со санкции и со тоа да го доближат континентот до мирот. Ништо од тоа не се случи“, рече тој.

Тој беше изненаден што „тие – под водство на комесарот, таа Германка“ – не се во состојба правилно да ги обликуваат санкциите, рече тој. „Тоа е едноставно неуспех. Сега се поставува прашањето која е целта, како сакаме да ја постигнеме? – заклучи Орбан.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување