Белорусија има намера да воведе хемиска кастрација како дел од програмата за лекување на педофили, соопшти Канцеларијата на Врховниот обвинител. Целта е да се заштитат децата, потенцијалните жртви, од злоупотреба и експлоатација.
Веќе се подготвени измени на постоечкиот Кривичен закон, а од полицијата велат дека хемиската кастрација на осудените за педофилија ќе биде задолжителна како дел од нивната судска пресуда.
Како дел од акцискиот план, Министерството за здравство изработи и одобри „клинички протокол кој содржи алгоритам за третман на педофилија“, а изготвен е и механизам за рехабилитација на жртвите на сексуална злоупотреба.
Владата објави и дека претседателот Александар Лукашенко силно го поддржува заострувањето на законските одредби, како и дека претходно осудените педофили мора да носат електронски нараквици.
Хемиската кастрација е дозволена во одредени американски држави, Канада, Данска, Германија, Норвешка, Шведска…