Пакистанскиот парламент ја одобри хемиската кастрација во новиот закон против силување

Од:

Пакистанскиот парламент го одобри новиот закон против силување што на судовите им дозволува да наредат хемиска кастрација за некои престапници и предвидува формирање специјални трибунали за итни судења, јави ДПА.

Законот предвидува престапниците повратници, криминалците вклучени во групно силување и педофилите да се соочат со хемиска кастрација, казни што групите за правата на човекот и адвокатите ги оценуваат за сурови.

ДПА пренесува дека владините агенции, согласно новиот зкаон, ќе треба да основаат база на податоци за силувачите, а судовите ќе треба судењата да ги завршуваат во рок од четири месеци.

Пакистан првпат го спроведе ваквиот закон во декември минатата година и тоа преку претседателски декрет. Парламентот вчера го усвои законот, и покрај критиките од телата за правата на човекот и повиците на адвокатите за преиспитување на ваквиот тип казни.

Законот се смета за кулминација на националниот гнев и како одговор на групното силување на една мајка пред нејзините деца на еден од главните автопати во земјата. Силувањето и подоцнежното обвинување на жртвата од страна на висок полициски офицер минатата година предизвика протести и онлајн повици за строг закон.

Двајца осомничени поврзани со случајот беа уапсени и осудени на смртна казна во источниот град Лахоре.

Адвокатот Ризван Кан од Исламабад новиот закон го нарече „премногу поедноставено решение на еден комплексен проблем за кој треба сеопфатен претрес на целиот систем на кривичната правда“, пренесе ДПА.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран