Германец и Албанка фатени со над 50 килограми марихуана на „Деве Баир“

Од:

Германски државјанин на возраст од 49 години и 20-годишна државјанка на Република Албанија се фатени на граничниот премин „Деве Баир“ со поголема количина марихуана информираше Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи на 18 јуни на граничниот премин „Деве Баир“ на излез од државава, двајцата осомничени неовластено заради продажба пpенесувале наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 56 килограми и 791 грама. Дрогата ја набавиле од неидентификувано лице од Република Албанија, ја препакувале во 67 полиетиленски пакувања и ги сокриле во специјално изработени „бункери“ во автомобил „Сеат алтеа“ со германски регистарски ознаки.

При царинска контрола на возилото на граничниот премин, марихуаната била пронајдена во просторите под возачкото седиште, над ауспухот, под задното седиште, од левата страна до резервоарот и во пределот на багажникот.

До судијата на претходна постапка од Основен суд Куманово јавниот обвинител поднесе Предлог за определување мерка притвор против двајцата осомничени, бидејќи постои опасност да се дадат во бегство или да го повторат делото.​

Би можело да ве интересира

Работник во телекомуникациска компанија загина по пад од бандера во Елшани

Удрил во ѕид, па во полициско возило: уапсен 20-годишник од Студеничани баран за издржување затворска казна

Катерина Ѓуровски

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Незаконски продавале отпадно железо, го оштетиле „Тутунски комбинат“ – Прилеп за 54 илјади евра

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени