ОН: 232 милиони лица живеат надвор од својата татковина

Од:

Како никогаш досега, се поголем број луѓе живеат во странство, покажува едно истражување на ОН, во кое се посочува дека САД и натаму остануваат „најпопуларната дестинација“ за имигрантите од целиот свет.

Според ОН, во текот на оваа година 232 милиони лица или 3,2 проценти од целокупната светска популација живеат надвор од својата татковина. За споредба, во 2000 година во странство живееле 175 милиони лица, а во 1990 година 154 милиони.

Приближно две третини од сите имигранти живеат во Европа и Азија. Во 2013 година „Стариот континент“ прифатил 72 милиони имигранти, а Азија 71 милион, покажуваат податоците на ОН.

Во периодот 1990-2013 година во северните делови на планетата се доселиле поголем број имигранти, отколку во јужните.

Бројот на имигранти останува концентриран во 10 земји. Во САД има најмногу „придојдени“ или 45,8 милиони. Русија е на второ место со 11 милиони, а потоа следуваат Германија со 9,8 милиони, Саудиска Арабија со 9,1 милион, Обединетите Арапски Емирати и Велика Британија со по 7,8 милиони, Франција со 7,4 милиони, Канада со 7,3 милиони и Австралија и Шпанија со по 6,5 милиони.

Во САД во периодот 1990-2013 година дошле приближно 23 милиони имигранти.

Според податоците на ОН, 75 проценти од имигрантите се на работоспособна возраст меѓу 20 и 64 години, а 48 проценти од нив се жени.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство