Градоналалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски го прослави 39-от роденден заедно со вработените кои му направиле пријатно изненадување. Од нив Стефковски добил роденденска торта на која пишува „најдобар“.
„Од денес за една година поискусен и со нови предизвици ќе стигнеме до уште поголеми успеси. За мене е чест што можам да им служам на граѓаните и на мојата Гази Баба.
Еден ден, делата ќе зборуваат за сите нас. Им благодарам на колегите за изненадувањето по повод мојот роденден“, објави Стефковски на Фејсбук.