„Ти си валкан Бугарин“: Во Струга претепан копретседател на здружението на Бугарите „Шемето“

Од:

Копретседателот на здружението на Бугарите во Македонија „Шемето“ Бекир Кадриески бил претепан од едно лице во Струга. Ова се случило денеска околу пладне. Министерството за внатрешни работи го потврди инцидентот.

СВР Охрид соопшти дека настанот во полиција бил пријавен во 12 часот и 15 минути.

– Во близина на спортска сала лоцирана на улицата „Боро Хаџиески“ во Струга, А.Н. од струшкото село Велешта го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз Б.К.од селото Лабуништа, стои во соопштението на СВР Охрид.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот по што, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

Претходно за претепувањето објавија бугарските медиуми. Кадриески во изјава за бугарската „Нова“ рече дека бил соборен на земја и клоцан. Бил удиран со раце. Кадриески за ТВ Нова објасни дека при тепањето бил навредуван на етничка основа со зборовите „валкан Бугарин“.

Кадриески е државјанин на Република Северна Македонија. Тој нема бугарски пасош, но изјавува дека има бугарски идентитет.

„Сведоци сме на уште еден брутален чин на насилство врз државјанин на Република Северна Македонија со бугарски идентитет. Претседателот на здружението на Бугарите „Шемето“ Бекир Кадриески е тешко претепан во градот Струга. Силно ја изразуваме нашата огорченост и го осудуваме овој последователен чин на неиспровоцирано насилство врз нашиот сонародник. Доколку се потврдат информациите дека претепувањето на Кадриески било проследено со зборовите „валкан Бугарин“, тогаш тоа што се случило ќе претставува опасен релапс и преку сите можни меѓународни канали ќе бараме делото детално да се истражи и виновниците да бидат целосно казнети. строгост на законот“, се вели во ставот на ГЕРБ.

Со став по тепањето излезе и ВМРО. посочуваат дека уште еднаш итно бараат Советот на министри да побара замрзнување на преговорите за членство на Република Македонија во Европската Унија додека не се прекине „геноцидот врз македонските Бугари“.

„Сметаме дека е непотребно да се набројуваат случаите на агресија, тепање и закани кон македонските Бугари, кои се секојдневна појава, особено по националното предавство што го изврши бугарскиот парламент во јуни минатата година, кога беше отстрането ветото на ВМРО. Нема детално да ја опишуваме недозволивата замена на историската вистина за бугарските национални херои и нашата заедничка историја со Република Македонија, кои се сопственост на цела Европа, која, сепак, срамно молчи“, додаваат од ВМРО.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“