(ВИДЕО) Поплавени над 60 објекти во невремето во Делчево и околината

Од:

Поплавени повеќе од 60 објекти во населбата Пролет и на улицата „Индустриска“ се последиците од невремето проследeно со град што денеска го зафати Делчево и околината во периодот од 16.30 до 18.20 часот, информира Центарот за управување со кризи.

– На терен се излезени ТППЕ Делчево и ЈПКД „Брегалница“ со цела нивна екипа и вршат испумпување на вода од поплавените објекти, се појаснува во соопштението на ЦУК.

Како што додаваат од ЦУК, поголем дел од градот е без снабдување со електрична енергија.

Како што претходно јави МИА, попладнево невреме со пороен дожд, врнежи од град и грмежи ги зафати Делчево и околните населени места, предизвикувајќи поплави во повеќе подрумски простории и потешкотии во одвивањето на сообраќајот.

Врнежите од град со големина на лешник оштетија дел од раноградинарските култури, а настрадаа и дел од овошните насади.

Од Општина Делчево апелираа до граѓаните да пријават евентуални штети, а оттаму дополнително најавија информација за првичните штети настанати од невремето.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

ВИДЕО: Дождот направи поплави во Велес, небото се спушти и над Скопје

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

(ВИДЕО) Невреме во Србија: Ветрови со сила на ураган носеа сè пред себе, наврна многу дож, а некаде падна и град

(ВИДЕО) Невреме во Германија: Загина 11-годишно дете, поплавени се подруми, патиштата се затворени