Хаос во Прага: Навивачите на Фиорентина уништија се пред себе, има и повредени

Од:

Во Прага на стадионот „Фортуна Арена“ се игра финалето од Конференциската лига меѓу Фиорентина и Вест Хем. Неколку илјади италијански и англиски навивачи пристигнаа во Прага, а според извештаите на прашката полиција, неколку часа пред почетокот на натпреварот настанал вистински хаос на улиците, а имало и повредени.

Во нередите на навивачките групи приведени се 15 хулигани, а ултраси на Фиорентина облечени во црно ги нападнале навивачите на „Чеканите“ во кафеана во центарот на Прага, соопшти чешката полиција.

Во инцидентот повредени се тројца навивачи на Вест Хем и еден полицаец.

Повеќе од 20 илјади навивачи на Вест Хем се во Прага, а многумина немаат билети.

Прашката полиција повика засилување и неколку стотици дополнителни полицајци патролираат низ градот во случај да избијат нови немири.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во судар на патнички возови во Прага

Горан Наумовски

Полицијата дежура пред куќата на убиецот од Прага

Убиецот од Прага оставил проштално писмо во кое признал дека убил татко и двомесечно бебе

Горан Наумовски

Ден на жалост во Чешка

Во Прага: Полицијата уапси маж под сомнение дека носел бомба

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Чешката полиција со детали за масакрот: Објавена и снимка од потерата по убиецот