Во Прага: Полицијата уапси маж под сомнение дека носел бомба

Од:

Чешката полиција уапси маж на плоштадот И.П.Павлов во Прага под сомнение дека носел бомба.

На местото на полициската интервенција во петокот вечерта сообраќајот беше во прекин, а возовите во метрото без запрени, јавува Радио Прага Интернационал.

Експертите за експлозиви кои дошле на местото на настанот заклучиле дека се работи за лажна тревога, но двајца мажи сепак се приведени.

Во Прага се на сила засилени безбедносни мерки, откако 24-годишен студент во четвртокот во пукотницата на Карловиот универзитет уби 14 и рани 25 лица, а потоа се самоуби.

Би можело да ве интересира

Ученичка од Јужен Велс со нож рани двајца професори и ученик

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Скопјанец во МВР пријавил дека била силувана неговата малолетна внука

Грк починал во битолско казино

Анита Петровска Рајковиќ

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците

Фатени двајца крадци – едниот крадел во фирма, другиот во приватни домови