(ВИДЕО) Чешката полиција со детали за масакрот: Објавена и снимка од потерата по убиецот

Од:

Полицијата објави ново видео од нападот од Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага, каде напаѓачот уби 14 лица, а рани уште 25. Тие објавија и многу нови детали. Во однос на бројот на жртви, тоа е најтрагичниот случај на масовно пукање во историјата на Чешка.

Напаѓачот по нападот се самоубил, потврди полицијата.

„Во пукањето на Филозофскиот факултет загинаа 14 студенти и други лица, а убиен е и насилникот. Вкупно 15 мртви“, изјави директорот на прашката полиција Матејчек. Министерот за внатрешни работи Вит Ракушан претходно изјави дека вкупниот број на жртви е 13, а четиринаесеттиот загинат е напаѓачот.

Напаѓачот од ходникот на Филозофскиот факултет рани и три лица на улица, рече тој. Кога полицијата му пришла и го опколила, тој се застрелал со пушка. Напаѓачот од колеџот удрил во едно цивилно и едно полициско возило. Во акцијата против него учествувале стотина полицајци, никој од нив не е повреден.

Директорот на прашката полиција изјави дека полициските единици биле активни надвор од зградата, но и внатре во неа. Тој додаде дека не се сигурни дали напаѓачот има помошници, поради што евакуираните студенти морале да заминат со кренати раце. Тој повтори дека сите жртви се идентификувани и рече дека се информирани сите нивни семејства.

Од полицијата велат дека студентите се забарикадирале во просториите на зградата на универзитетот, а полицијата одела кат по кат за да ги извлече. Во некои случаи, полицајците мораа да употребат сила за да влезат и да ги извлечат студентите, велат тие.

Полицијата објави и видео од интервенцијата од камерата на специјалец.

„Создадовме безбеден коридор и низ тој безбеден коридор на сите им беше кажано да излезат“, изјави полициски функционер за новинарите.

Началникот на полицијата во Прага вели дека верува оти брзото пристигнување на полицијата спречило натамошно крвопролевање. „Видов купишта муниција по ходниците, беше неверојатно“, се сеќава тој. Тој смета дека напаѓачот ќе продолжил да пука во луѓе доколку не отишол на балконот на универзитетот, „каде и на крајот умрел“.

Би можело да ве интересира

Полицијата дежура пред куќата на убиецот од Прага

Убиецот од Прага оставил проштално писмо во кое признал дека убил татко и двомесечно бебе

Горан Наумовски

Ден на жалост во Чешка

Во Прага: Полицијата уапси маж под сомнение дека носел бомба

Горан Наумовски

Студентите направиле план, се обиделе да го фатат масовниот убиец: Еден бил мамка

ВИДЕО: Полицијата ги истражува морничавите пораки, напаѓачот од Прага поврзан и со други убиства