ЛП бара поддршка за амандманите за избор на претседател на државата

Од:

Либералната партија денеска ги повика парламентарните партии и пратениците да го поддржат нивниот предлог за уставни измени со кои изборот на претседателот на државата ќе се врши на посреден начин, со двотретинско и таканаречено „бадинтерово“ мнозинство во Собранието.

Партијата, како што соопшти, предвидува и избор на потпретседател на републиката, кој ќе биде од различна етничка припадност од претседателот, избран на ист начин и со исто мнозинство.

Иницијативата на партијата, како што се наведува, се заснова на три постулати и тоа вистинско позиционирање на претседателот на Републиката и контрола на законодавната над извршната власт, наместо меѓу извршните власти, системски одраз на етничката различност на граѓаните и намалување на трошоците за избор на шефот на државата.

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

A1on

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

A1on

Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

A1on

ВИДЕО: Колку пари трошат политичките партии на рекламирање на билборди

Ана Ололовска