Меџити: Имало злоупотреби во работењето на Јовев, контролите се направени пред неколку дена

Од:

Министерот за здравство, Фатмир Меџити го разрешил директорот на државна кардиохирургија, професорот Сашко Јовев поради злоупотреба во работењето.

Ова кусо го изјави Меџити на настан на Клиниката за ендокринологија додавајќи дека секој што ја злоупотребува функцијата ќе биде разрешен од него.

– Има злоупотреби во работењето и секој што направил злоупотреби ќе биде разрешен од моја страна. Контролите во работењето се направени пред една недела – кратко рече Меџити и додаде дека ќе излезе со конкретни информации попладнево, некој час по обраќањето на д-р Јовев кое е закажано за напладне.

Доктор Сашко Јовев инаку го предводеше тимот што ја изврши првата трансплантација на срце во Македонија во 2020 година.

-Веќе нема директори кои седат и спијат по 5-10 години и немаат никаков резултат. Затоа здравството ни е во ваква амортизирана состојба. Секогаш кога ќе има нерегуларности во работењето и сè друго, јас вака ќе постапам. Ова е само почеток. Тоа е кадар на коалициониот партнер на СДСМ, тие ќе предложат друго име. Нема никој тука да биде вечно, бесмртен да биде. Ниту јас, ниту директорите. Кој нема да сработи, ќе биде отпуштен, кажа Меџити.

Би можело да ве интересира

Предложен едномесечен притвор за министерот Бојан Бошњак

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Иљази за разрешениот директор: Петровски ја вработи снаа му, а не можеше биологот и 18 лица

A1on

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Координатор во Влада поплатен од министер: Функционерите ќе имаат високи плати и покрај намалувањето

A1on

Граѓаните да пријават ако се користат возила за партиски активности, побара министерот Ѓоко Велковски

A1on