Дигнаa во воздух банкомат во Чаир – до парите не дошле, но од силната експлозија оштетени три возила

Од:

Четири лица утринава се обиделе да дигнат во воздух банкомат во Чаир со цел да го ограбат.

Околу три часот наутро тие со возило дошле до банкомат на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“, поставиле експлозивна направа и ја активирале при што одекнала силна експлозија која ги вознемирила жителите, кој веднаш повикале полиција.

Од МВР за А1он го потврдија случајот и велат дека обидот за грабеж бил неуспешен бидејќи крадците не успеале да стасаат до парите.

„ На 6.6.2023 во 3.38 часот  во СВР Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел четири лица кои дошле со возило, експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале.

Од детонацијата се оштетени три возила. Нема повредени лица. Во тек е увид од полициски службеници и се поставиле преземаат мерки за расчистување на случајот.“

Би можело да ве интересира

Арсовска со 3.200 страници докази за дивоградби во Чаир: „Се градат згради за да се перат пари“

Предраг Петровиќ

Две скопјанки се степаа на паркинг во Чаир

А1он

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот

Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир при извршување на работни задачи