Во Атланскиот Океан се создава ураганот од прва категорија Умберто, чија брзина на ветрот измерена денеска изнесува 120 километри на час.
Според американскиот Национален центар за урагани, јачината на Умберто во текот на денов може уште повеќе да се зголеми, по што од утре веројатно ќе започне тенденција на ослабнување.
Ураганот е регистриран на околу 500 километри во правец запад-северозапад од најјужната точка на Зеленортските Острови и се движи кон север-североисток со брзина од околу 13 киломери на час.