Одлуката за тоа кој ќе се врати во француската елита заедно со фудбалерите на Авра ќе биде донесена подоцна, бидејќи натпреварот Бордо – Родез беше прекинат поради напад на гостинскиот играч.
Angle de vue qui montre d'où est sorti le rat 🐀 durant le match #Bordeaux vs #Rodez#ligue2BKT
Tiktok : Stadito pic.twitter.com/ohACOtpwpB
— Zoker ⭐ (@TheZokerChannel) June 3, 2023
Затоа, второпласираниот Мец ќе мора да ја чека административната одлука за прекинатиот натпревар.
Родез, кој само со победа во Бордо може да избегне испаѓање во третата лига, поведе со голот на Лукас Буадес во 22. минута.
Додека Буадес го прославуваше голот со соиграчите, еден навивач на Бордо му пријде и го оттурна, а по долга дискусија со делегатот, главниот судија на натпреварот реши да ја прекине играта.
Одлуката за натпреварот ќе биде донесена во понеделник, дали ќе продолжи од моментот на прекинот или ќе биде службено регистриран, со победа на гостите.