Трапатони поднесе оставка од селекторската функција во Република Ирска

Од:

Италијанскиот фудбалски стручњак Џовани Трапатони повеќе не е селектор на репрезентацијата на Република Ирска. Тој од оваа функција заминува по синоќешниот пораз од Австрија.

Заедно со 74-годишниот Италијанец стручниот штаб го напушта и неговиот сонародник Марко Тардели.

Трапатони беше ирски селектор изминатите пет години, време за кое успеа да го подигне нивото на играта на оваа островска земја, но неуспехот во квалификацискиот циклус за Светското првенство 2014 беше причина за прекин на соработката со Фудбалската асоцијацја на Ирска.

Република Ирска синоќа загуби на гостувањето кај Австрија со 1:0 и ги загуби шансите за учество во баражот за Мундијалот во Бразил.

Ирска е на 4.место со 11 бодови помалку од лидерот Германија по која следуваат Шведска со 17 и Австрија со 14 бода.

Ова е втора селекторска оставка по одигрувањето на синоќешните натпревари од квалификациите за СП. По поразот од Италија синоќа оставка поднесе и чешкиот селектор Михал Билек.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска