На автопатот Демир Капија-Неготино: Уапсен е шверцер на мигранти, странците завршија во прифатен центар

Од:

Полицијата денеска извести дека на автопатот Демир Капија-Неготино е уапсен шверцер на мигранти.

„Денеска во 12.30 часот кај клучка Демир Капија од страна на патролна служба на даден знак за запирање на возило „алфа ромео“, возилото не сопрело туку продолжило да се движи кон Неготино. Во 12.50 часот кај клучка Неготино, од полициска патрола возилото е сопрено и во него се пронајдени двајца мигранти од Сирија.

А.Н. од Скопје, кој го управувал возилото, е уапсен, за случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар“, извести полицијата.

Би можело да ве интересира

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он