А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Бајрами: Употребата на европско знаменце е политичка корупција што ни се случува, ДКСК може само да укаже на слабостите

by А1он01/06/2023 - 11:40365
Share0

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) нема никаква алатка в раце со која може да ги натера институциите и службените лица да ги почитуваат иницијативите и мерките. Употребата на европско знаме, носење закони по скратена постапка, носење специјални закони што ги негираат сите други закони е политичката корупција што ни се случува. Во овој случај Комисијата само ќе укаже дека има некоја слабост и на крајот пак тоа продолжува. Појдовна точка е дека ваквиот закон со злоупотреба на политичка волја е спротивно на европските стандарди, рече членот на ДКСК, Нури Бајрами во одговор на прашање до каде е работата со предметот за договорот со „Бехтел и Енка“.

Добивај вести на вибер

Според него, вакви закони можат да продуцираат се и сешто.

Членот на ДКСК, Катица Николовска на денешната седница се надоврза дека се работи на предметот, кој е комплексен и бара многу време и ресурси, но оти имаат проблем со обезбедување на целокупниот договор, бидејќи е доставен само делумно. Таа смета дека најголемиот проблем е што се озаконува корупцијата.

– Кога ќе го обезбедиме, тој што има сертификат ќе го гледа и верувам ќе излеземе со став. Штом завршиме со некој предмет особено ваков значаен, ние секогаш излегуваме во реално време, се надевам ќе известиме наскоро, рече Николовска.

Според Горан Трпеновски, член на ДКСК, политичката корупција прераснала во законска корупција, па во системска корупција, но за жал, како што рече, освен да укажува, Комисијата не можеме ништо друго.

Членот Шемси Салаи, пак, ја нагласи потребата од вклучување и на други органи кога е во прашање борбата против корупцијата.

– Иако сите закони донесени во врска со овој коридор се со голем ризик на корупција, иако имаме констатирано и доста други закони кои веќе се пред тоа со голем ризик на корупција, треба нешто да сфатиме со нашите препукувања од една на друга институција. Поминаа 30 години од осамостојување на државата ние уште немаме патишта, што е доста лоша ситуација за развојот. Со вакви патишта и низок развој на инфраструктурата воопшто, економијата не може да оди напред. Треба да се остават да се работат до крај овие проекти и да ги следиме со 100 очи отворени, до каде се постапките и ако има корупција да се постапи. Имаме органи кои треба да ги следат сите овие зделки и ако се констатира корупција да се постапува и за еден денар да е, а не па за милиони, заклучи Салаи.

dksk

Би можело да ве интересира

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Горан Наумовски19/02/2026 - 13:36

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски13/02/2026 - 13:4513/02/2026 - 15:04

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

Горан Наумовски13/02/2026 - 12:1213/02/2026 - 12:37

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски07/02/2026 - 12:2207/02/2026 - 12:23

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Горан Наумовски30/01/2026 - 11:42

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?

Горан Наумовски27/01/2026 - 19:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен