„Ние ќе купуваме сапун за децата, а директорката троши на бајадери“: Родителите бесни што Тренчевска ја врати Петровска на функција во градинката „Детска радост“

Од:

Родителите од градинката „Детска радост“ во општина Гази Баба, Скопје, формираат иницијативен одбор од пет преставници кои во следниот период ќе организираат активности за искажување на незадоволството од повторното именување на директорката Анета Петровска од страна на министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски ја разреши директорката на детската градинка „Детска радост“ поради незаконско работење утврдено во извештај на независен ревизор, но министерката со преземање на ингеренциите повторно ја назначи за директор.

Родителите до медиумите доставија писмо до медиумите во кое се и сметките за сите трошоци до до кои претходно дојде „А1он“.

Направени се трошоци за репрезентација, односно ако се видат фискалните сметки се забележува дека повеќето од нив се направени по завршување на работното време и во сметките е наведено дека е нарачувано и храна за носење.

Извршена е набавка на мебел во детската градинка за кабинетот на менаџментот, но според донесениот Годишен финансиски план за тековната година не биле предвидени средства за ваква набавка, а службеното возило на градинката се користело за приватни цели.

„Службеното возило кое го има купено градинката со намена да разнесува храна за децата низ клоновите било злоупотребувано и истото се користело за приватни потреби. Во прилог Ви доставуваме и службени налози за користење на автомобилот во кој како дестинација за движење стои Петровец, местото каде што живее директорката“, тврдат родителите.

„Сите ние родителите на децата кои се згрижуваат во градинката Детска радост секојдневно сме должни со носењето на нашите деца да носиме и средства за хигиена (течен сапун), тоалет, влажни марамици, пластички чаши и слично.

Нема пари за нашите деца да се купат потребните работи за нормална грижа врз нив, но секако има пари за луксузен мебел за менаџментот, ручеци проследени со алкохол и за скапи бајадери.

Ова наше писмо со сите овие документи доаѓа по повикот од директорката на отворен ден да ни ги презентирала документите со образложение дека немало криминал.

На овие документи ли мислевте, госпоѓо Анета Петровска?

Нас приемен ден, не ни треба. Нас ни треба одговорен менаџер на чело на градинката во која ги оставаме за грижа нашите деца. А нашата бројност ќе ја види и директорката, но и министерката која се стави во заштита на директорката за многу брзо“, сметаат дел од родителите.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

На Токсикологија работеле лица без договор за работа, Инспекторатот им забрани пристап до клиниката

A1on

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат