Тина Тарнер во текот на нејзината кариера собра огромно богатство, кое се проценува на приближно 250 милиони долари.
Hello пишува дека пејачката го реши прашањето за нејзиниот имот години пред смртта, а најголемиот дел, ако не и целиот, му го остави на сопругот Ервин Бах.
Пејачката беше во брак со германски музички режисер и продуцент 10 години. Тие се венчаа во 2013 година по повеќе од 26 години врска. Меѓутоа, само три недели по венчавката Тина доживеа мозочен удар, а Ервин и го спаси животот со донирање на бубрег.
Првиот син на Тина, Крег Рејмонд Тарнер, почина во јули 2018. Минатата година почина и вториот син на Тина, Рони. Таа има уште други два сина, Ајк Тарнер Џуниор и Мајкл Тарнер, кого го посвои по бракот со Ајк Тарнер.
Сепак, во 2018 година, Ајк Џуниор откри дека не разговарал со мајка си речиси 20 години. Тој исто така изјави дека таа не била ни блиска со Мајкл, туку го финансирала неговото лекување во непозната установа за опоравување.