Научниците открија постоење на „шесто сетило“

Од:

Мозокот сепак има „шесто сетило“, освен вкусот, мирисот, допирот, видот и слухот, пишува Фокс њуз. Шестина од човечкиот мозок функционира топографски – мапира броеви и предмети, познато под иметото „бројност“, тврди научникот Бенџамин Харвеј од Универзитетот во Утрехт.

– Ние користиме симболични броеви за застапување бројност и други аспекти на големина, но симболот сам по себе е приказ на нешто, рече Харвеј.

За да го откријат тоа „шесто сетило“, Харвеј и неговите соработници пред осум учесници на тестирањето поставиле предизвик. Морале да гледаат примероци од точки, кои периодично се појавувале во поинаков распоред, истовремено анализирајќи ги нивните невролошки реакции во мозокот.

Нивното проучување ја откри топографската функција на мозокот, а нивното откритие наголемо ќе помогне во разбирањето на математичките вештини на одделни луѓе.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он