Москва: Само да не го изберат „типот со деменција“

Од:

Зборувајќи за претседателските избори во САД, Дмитриј Медведев рече дека најважно за Русија е Американците да не изберат „човек со деменција“.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија за време на неговата посета на Виетнам им рече на новинарите дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп е „добро момче, но кукавица“.

Запрашан чија кандидатура ужива најголеми симпатии во Москва, Медведев одговори: „Најважно е да не изберат тип со деменција“. И може да се случи да го изберат“, рече тој и додаде дека, историски гледано, на Русија и било секогаш полесно да соработува со републиканците.

Тој исто така додаде дека доколку е на позицијата на бизнисменот Илон Маск, би размислил да започне кампања за измена на Уставот на САД за да добие можност да учествува на изборите.

Како што им кажа на новинарите, неочекувано се испостави дека Маск е „наш човек“.

На прашањето дали Маск може да се кандидира на американските избори, Медведев одговори дека за такво нешто ќе бидат потребни измени на Уставот.

„Тој не е по потекло од Америка. На негово место би размислил да почнам кампања за промена на Уставот“.

Би можело да ве интересира

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски