Ковачевски: Мицкоски измислува небулози, ќе се менува Уставот само за 3.500 граѓани кои се изјасниле како Бугари

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека е небулоза тврдењето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека работната група за уставни амандмани разговара и за бинационална држава.

– Промената на Преамбулата за 3.500 граѓани кои се определуваат како Бугари ќе се случи и ќе продолжиме со преговорите со ЕУ. Небулоза е тврдењето на Мицкоски дека ќе имаме бинационална држава. Тие избори добија на прашањето на кантонизација кога имаше територијална распределба.

Ова е најновата во низата лаги, работната група ќе прави измени само за внесување на Бугарите. Кога сите факти ќе ве побијат, може само да измислувате небулози кои ќе шират страв кај граѓаните – истакна премиерот при пуштањето во употреба на магистралниот пат Куманово – Страцин.

Во однос на на договорот со „Бехтел и Енка“, премиерот рече дека договорите се доставени до Јавното обвинителство, до Антикорупциска комисија, а веќе е испратено е писмо до Собранието до соодветна комисија која ќе избере пратеници кои ќе го разгледуваат договорот.

– Очекувам поддршка во Собранието за законите, нашите граѓани заслужуваат патишта по кои ќе возат сигурно и брзо – порача Ковачевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ќе се жали во НАТО за Ива, а молчи за Груевски и не бара екстрадиција

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата